Интер не беше премногу активен на трансфер пазарот ова лето, далеку од својот ривал Милан, но раководството на клубот се обидува да донесе уште неколку фудбалери во финишот од преодниот рок.
Информациите велат дека Интер сака да ги донесе на позајмица дефанзивците на Манчестер Сити, Мангала и Отаменди.
Нероазурите на таа позиција ги имаат Милан Скриниар и Миранда, Гери Медел потпиша за Бешикташ а Муриљо е блиску до Валенсија, додека Ранокија е повреден.
Тутоспорт пишува дека и двајцата би биле достапни за позајмица, со можност подоцна и комплетно да бидат откупени.
Мангала сака да си замине од Сити со цел да игра за тим каде што ќе биде стартер, додека потешко изводлив ќе биде ангажманот на Отаменди.
Лучано Спалети не е најзадоволен од преодниот рок, но се надева дека раководството на Интер ќе успее да му донесе уште некое квалитетно засилување во наредните денови.