Интер размислува за враќање на Кутињо, Конте ќе ја менува тактиката?

by
1 минути читање

Лаутаро Мартинез веќе подолго време се поврзува со Барселона, тој сака да игра со Лео Меси.

Според „Тутоспорт“, Кутињо кој ја почна европската кариера токму во Интер, би можел да се врати.

Тој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен, но се шпекулира дека би можел да биде дел од преговорите меѓу Интер и Барса за Лаутаро.

Враќањето на Кутињо може да значи дека Конте ќе треба да ја промени тактиката, да игра во формација 3-4-2-1.

Лукаку би останал во шпицот на нападот, но само тој би бил класичен напаѓач, позади него би биле Кристијан Ериксен и Кутињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×