Интер преку Сампдорија до врвот во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер е нов лидер во Серија А и таму ќе биде најмалку до утре кога Наполи и гостува на Џенова.

Резултатот беше отворен во 18. минута кога по една мешаница најдобро се снајде Шкрињар и му донесе водство на Интер од 1-0.

Потоа следуваа два гола на Икарди, најпрво со убав удар во 32. минута, а потоа и лесен погодок по една добра асистенција од Перишиќ во 54. минута.

До крајот на мечот Сампдорија со головите на Ковначки и Кваљарела успеа да се избори само за пристоен пораз.

По десет кола Интер има осум победи и два нерешени дуели и е на лидерската позиција со 26 бода. Наполи има бод помалку и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани