Интер победи по еден месец, Политано и Перишиќ го решија Киево (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот меч од 36. коло во Серија А, Интер пред своите фанови славеше во дуелот со последнопласираниот Киево. За избраниците на Лучано Спалети ова беше прва победа по еден месец.

„Нероаѕурите“ можеби не импресионираа, но ја завршија работата благодарејќи на погодоците на Политано и Перишиќ.

Во 39. минута, една топка случајно се одби до Политано кој од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно по земја за 1-0.

Победата беше осигурана дури во финишот од мечот по една долга акција во која Кандрева одлично се снајде покрај гол-аут линијата и го проигра Соареш, кој биеше силно но само ја стресе рамката од голот. Сепак, топката се одби до Перишиќ кој од 11 метри погоди за 2-0.

Со овој триумф, Интер се врати на третата позиција на табелата и во последните две кола му требаат три бода за топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×