Интер побарал од Комо да почне преговори со Фабрегас!

by riste
1 минути читање

Интер е во потрага по наследник на Симоне Инзаги, а прв избор е тренерот на Комо, Сеск Фабрегас.

Според италијанските медиуми, Интер побарал дозвола од Комо да почне преговори со Сеск Фабрегас.

Уште немале директен контакт со Фабрегас, а како ќе продолжи да се одвива ситуацијата зависи од Комо.

Интер е подготвен да му го презентира проектот на Фабрегас.

Стратегот е подготвен да го направи тој важен чекор во тренерската кариера и да води клуб кој се бори за најголемите титули, па ќе побара дозвола од Комо да замине.

Засега ставот на Комо е дека сака да го задржи Фабрегас.

Ако не успее да го ангажира Фабрегас, алтернативи на Комо се Киву и Виеира.

Фото: Fb/Como

Можно е и ова да ти се допаѓа

×