9
Како што пренесува Газета дело Спорт, Интер е подготвен да го понуди Давиде Фратези плус пари за да го добие Ману Коне од Рома.
Ману Коне е топ трансфер цел на Интер и Кристијан Киву за засилување на средниот ред и се чини дека „нероаѕурите“ по секоја цена го сакаат Французинот.
Последните информации велат дека Интер е подготвен да го понуди едем фудбалер плус пари за добие зелено светло од Рома.
„Волчицата“ го проценува Ману Коне на околу 50 милиони евра, и „нероаѕурите“ сметаат дека со Давиде Фратези како дел од трампата, ја имаат добитната формула за комплетирање на зделката.