Интер прилично е
тивок на трансфер пазарот, но последните информации од Италија велат дека
„Нероаѕурите“ ќе потрошат 60 милиони евра за двајца играчи.
Сепак тоа нема да
бидат звучни имиња за кои фановите се надеваат, Интер ќе купува за иднината.
Се работи за
двајца перспективни фудбалери од Џенова родени во 2001.
Првото име е Пјетро Пелегри, кој веќе дебитираше во Серија А и постигна гол против Рома во последното коло од минатата сезона.
И второто име е напаѓач, се работи за Еди Антони Салседо Мора.
За Пелегри Интер
ќе плати 15 милиони евра, и уште толку во бонуси, додека пак за Салседо ќе
искешира 5 милиони евра и уште додатни 25 милиони во бонуси.
16 годишните
момчиња ќе останат во Џенова најмалку уште една година, а многу веројатно и две, па дури
потоа ќе го облечат дресот на Интер.