По поразот од Милан во градското дерби минатото коло, екипата на Интер остана без три бода и денеска во дуелот против Аталанта со која ремизираше 1-1.
Избраниците на Кристијан Киву беа подобар противник во најголем дел од натпреварот, но сепак не успеаа да ги освојат бодовите. Се играше 26-та минута кога Еспозито ги доведе „нераѕурите“ во водство и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Продолжија со иницијативата домаќините и во вторите 45 минути, но гостите казнија едно невнимание во финишот од средбата.
Бодот за Аталанта го обезбеди Крстовиќ во 83. минута. Во тие моменти додека се прегледуваше ситуацијата од ВАР собата исклучен поради протести беше тренерот на „нераѕурите“, Кристијан Киву.
Крстовиќ во последните моменти влезе и во уште една прилика, меѓутоа шутираше покрај голот.
Со ова реми на Интер, Милан доби прилика со евентуална победа утре против Лацио да ја намали разликата на пет бода.