Интер опипува терен за ангажман на Влаховиќ, познато колку пари бара Србинот

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер опипува терен за ангажман на Душан Влаховиќ летото во 2026, напаѓачот бара 10 милиони евра за потпис, како и плата од 10 милиони евра по сезона.

Душан Влаховиќ ги одработува последните 12 месеци од договорот и веќе во јануари ќе може да потпише пред-договор со нов клуб.

Милан изминатово лето пројави интерес за трансфер, а последните информации велат дека и Интер опипува терен за ангажман летото во 2026.

Претседателот Бепе Марота стапил во контакт со агентите на Србинот за да ги дознае условите под кои може да се реализира зделката.

Новинарката Фабијана Дела Вале открива дека Душан Влаховиќ бара бонус за потпис од 10 милиони евра, како и фиксна плата од 10 милиони евра по сезона.

Овие бројки можат да се покажат како превисоки за можностите на Интер, и преселба во Премиерлигата да е најреалното сценарио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×