Пред натпреварот помеѓу Интер и Комо, Бепе Марота одговори на провокациите од градскиот ривал Милан, смета дека газдата Гери Гардинале покажал непочитување и го потсети дека „нероаѕурите“ имаат две ѕвезди на дресот, а „росонерите“ една.
Сопственикот на Милан, Гери Кадинале вчера го објаснуваше својот бизнис модел и како планира да направи шампионски тим, притоа испрати отровни стрели кон Интер и посочи дека не сака да го следи нивнито модел со оглед на тоа дека „нероаѕурите“ банкротирале откако го освоиле Скудетото (мислеше на тоа дека газдите Сунинг не можеа да го отплатат долгот).
Ова не им се допадна на „нероаѕурите“, па претседателот Бепе Марота испрати жесток одговор пред вчерашниот натпревар против Комо.
„Не сакав да го коментирам ова, но кога веќе ме прашавте, должност ми е да одговорам“ – рече Бепе Марота во разговор со Скај.
„Изјавата не му е на место, таа не е точна и покажува големо непочитување за престижот и имиџот на нашиот клуб. Мислам дека Кардинале малку се збунил – вистина е дека нашиот доминантен сопственик изминативе години имаше економски проблеми, но уште пред две години ни се придружи „Оуктри“, и сега „Оуктри“ го поседува клубот и дава насоки како ќе одиме напред“.
„Работиме во склоп на правилата за Финансиски фер-плеј, ги намаливме загубите, од 246 милиони евра, минатата година имавме само 46 милиони евра загуба, во сезона во која го освоивме Скудетото и Суперкупот на Италија“.
„И на крај да потсетам на една работа, ние сме единствениот клуб од Милано со две ѕвезди на дресот!“.
Во Калчото, ѕвезда се доделува на секој клуб кој ќе освои 10 титули во Серија А, Интер во моментов има 20 титули, Милан има 19 титули.