485
Челси имаше обид да го доведе Алесандро Бастони, но Интер не размислува да се раздели со еден од своите најважни фудбалери.
„Сините“ од Лондон испратија понуда од 50 милиони евра за стоперот, но според информациите на „Газета дело спорт“, раководството на Интер експресно ја одбило. Освен што сумата е прениска, „нераѕурите“ не сакаат да се разделат со овој фудбалер.
Бастони е клучен дел од одбраната на шампионот на Италија и клубот јасно ставил до знаење дека неговото заминување во овој момент не доаѓа в предвид.