Интер немаат победа во последните седум натпревари од Серија А и веројатно нема да обезбедат настап во Европа.
Кинеските сопственици се амбициозни и планираат во летниот преоден рок сериозно да го одврзат кесето, веруваат дека Интер припаѓа во Лигата на шампионите.
Основна задача ќе биде ангажман на голем тренер на кој ќе му понудат плата од 15 милиони по сезона и гаранција дека ќе има сериозна инвестиција во составот.
Први на листата со желби се Антонио Конте и Диего Симеоне. Мала е веројатноста италијанскиот тренер да замине од Челси откако ќе ја освои титулата, но тоа може да го направи Диего Симеоне. Се чини дека Аргентинецот го исцрпи максимумот од тимот на Атлетико Мадрид и веќе му е потребен нов предизвик.
Доколку и двајцата го одбијат Интер, Лучијано Спалети е следна желба, но на листата се и Леонардо Жардим, Пауло Соуса, Чезаре Прандели и Еузебио Ди Франческо.