Интер немоќен во Фиренца: Кин и Раниери ги срушија „нероаѕурите“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Фиорентина го изненадија Интер и славеа победа од 3:0 во натпреварот од 14. коло кој беше прекинат откако на теренот се сруши Едуард Бове.

Натпреварот денеска продолжи од 15. минута. Интер во првото полувреме имаше нешто поголема иницијатива и поголем посед, а Карлос Агусто ја погоди и мрежата на домаќините, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција.

Интер во второто полувреме уште повеќе ја имаше топката во свој посед, но тоа не им помогна многу бидејќи домашниот состав со головите на Раниери и Кин во 60. и 68. минута стигна до водство од 2:0.

Конечните 3:0 во завршницата ги постигна Кин со својот втор гол на средбата.

Фиорентина со овој триумф ги прескокна на табелата Јувентус и Лацио со што дојде до четвртата позиција со 42 бода. Интер остана на второто место со 51, Наполи е лидер со три повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×