122
Постоеше голема опција летово Интер да добие големо
засилување во Бразилецот од редовите на ПСЖ, 25 годишниот офанзивец Лукас
Моура, но според пишувањата на Калчомеркато, обидите пропаднале поради тоа што
тимот од Париз го блокирал процесот на преговори.
Калчомеркато дека калчолигашот од Милано својот нов обид
за ангажман на Бразилецот дефинитивно ќе го има во следниот преоден рок,
поточно во јануари, но останува отворено прашањето дали и тогаш ќе успее во
своите намери.
ПСЖ во француската Лига 1 е прв на табелата, со шест
максимални победи досега, но Моура не е во преден план кај шпанскиот фудбалски
стратег Унаи Емери, забележа само еден настап засега, и постигна еден погодок.