Во текот на
вчерашниот ден одредени медиуми пренесоа дека импресивните перформанси на
Лаутаро Мартинез на Копа Америка го привлекле вниманието во Барселона, па
наводно Каталонците размислувале да испратат понуда за напаѓачот на Интер.
Денеска „Тутоспорт“
пренесе за интересот на Барселона за 21 годишниот Аргентинец, но весникот
инсистира на тоа дека Нероаѕурите нема ниту да разговараат за потенцијален
трансфер, а единствениот начин за Барселона да дојде до потписот на младиот
напаѓач е Каталонците да ја активираат откупната клаузула во висина од 111
милиони евра.
Барселона нема
голем избор по ова прашање, се работи за периодот, бидејќи се верува дека
откупната клаузула на Лаутаро во договорот со Интер истекува на 15. јули, а со
тоа Каталонците имаат само две седмици за да го финализираат интересот за
младиот фудбалер.