Интер не попушта, за Перишиќ на Манчестер јунајтед му бара 55 милиони евра

by
1 минути читање

Вчера се појавија гласини дека Иван Перишиќ ќе го засили најтрофејниот клуб
од Англија.

Извештаите велеа дека Хрватот веќе се договорил со Манчестер јунајтед, и
двете страни си подале рака за четири годишен договор и плата од 7 милиони евра
по сезона.

„Црвените Ѓаволи“ наводно пронашле заеднички јазик и со Интер за зделка
вредна околу 45 милиони евра.

Но последните информации велат дека „Нероаѕурите“ не попуштаат и
инсистираат Манчестер јунајтед да плати 55 милиони евра, па двата клуба се уште
немаат договор.

Челси и ПСЖ исто така го посакуваат Иван Перишиќ, но се верува дека играчот
сака само преселба на Олд Трафорд откако лично разговарал со Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани