Битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите станува се поинтересна, денешните резултати ќе им се допаднат на навивачите на Милан.
Интер не успеа да постигне гол против Аталанта и да направи голем чекор кон заверка на третата позиција на табелата, тие одигра 0-0.
Со овој освоен бод Аталанта се изедначи со Милан на табелата, и двете екипи имаат по 52 бода.
Лацио беше голем фаворит против Сасуоло, но одигра на свој терен само 2-2 и тоа во 96. минута се спаси од пораз.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме. Лацио погоди од пенал преку Имобиле во 53. минута и поведе со 1-0.
Четири минути подоцна Сасуоло изедначи преку Рожерио, а во 89. минута Берарди реализираше за комплетен пресврт и водство на гостите од 2-1.
Се чинеше дека Лацио ќе го загуби мечот, но Лулиќ во 96. минута изедначи на 2-2.
Дури шест екипи се во игра за третата и четвртата позиција. Интер е трет со 57 бодови, Милан и Аталанта имаат по 52, Рома е шеста со 51, Лацио има 49 но и натпревар помалку, 49 има и Торино.