Агентот на Франческо Пио Еспозито открива дека Интер одбил понуда од 50 милиони евра, како и трампа „глава за глава“ со Адемола Лукман, младиот напаѓач оваа сезона ќе добие шанса од тренерот Кристијан Киву.
Франческо Пио Еспозито ова лето се врати на „Меаца“ по позајмицата во Специја, Интер имал можност да заработи добро на младиот талент но решил да го задржи.
„Интер знае колку многу вреди Пио Еспозито“ – вели Марио Џиуфреди, агентот на напаѓачот.
„Веќе одбија една понуда од 50 милиони евра. Исто така Аталанта понуди трампа „глава за глава“ со Лукман, но и овој предлог беше одбиен“.
„Не знам што размислува тренерот, но сигурен сум дека Киву ќе му даде шанса на Пио Еспозито, бидејќи го знае многу добро“.
20 годишниот Пио Еспозито веќе доби шанса на Светското клупско првенство каде постигна гол на натпреварот против Ривер Плата.
ФОТО: X/Inter