Интер не е како Милан и Наполи, победа за прво место во калчото! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер се врати од Џенова со цел плен, откако на „Луиџи Ферарис“ триумфираше со 1-2 во рамки на 15 коло од Серија А и ја презеде лидерската позиција на табелата. Победата дојде во вистински момент, бидејќи директните конкуренти кикснаа, Милан одигра нерешено со Сасуоло, а Наполи беше поразен во Удине.

Гостите од Милано уште на стартот ја најавија намерата да си заминат со бодовите. Во шестата минута Јаник Бисек се најде на вистинското место по додавање од Лаутаро Мартинез и го отвори резултатот. Интер продолжи со сигурна и контролирана игра, а пред заминувањето на одмор капитенот Мартинез ја заокружи одличната партија со гол за 0-2 во 38 минута.

По паузата Џенова се обиде да се врати во натпреварот и успеа да ја намали негативата. Витиња во 68 минута погоди за 1-2 и внесе неизвесност, но Интер умешно го сочува водството до самиот крај и ја завери важната победа.

Со овие три бода Интер се искачи на врвот со 33 бода, еден повеќе од Милан и два пред Наполи, што дополнително ја вжештува борбата за шампионската титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×