Интер му фрли око но Реал Мадрид е спокоен, има дури три клаузули со кои се штити

by bojan
1 минути читање
Нико Паз

Младиот Нико Паз блеска оваа сезона во дресот на Комо, Интер веќе му фрли око но Реал Мадрид е спокоен и се штити со дури три клаузули.

Нико Паз минатото лето за 6 милиони евра го напушти Реал Мадрид и се пресели во Комо, каде под водство на Сеск Фабрегас импресионира со своите партии, изминатиов викенд постигна прекрасен гол против Фиорентина во победата од 0-2.

Интер му фрли око на младиот Аргентинец и го идентификуваше како главна цел за засилување на средниот ред, односно долгорочна замена за Хенрик Мхитарјан.

Но како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, во Реал Мадрид се спокојни бидејќи имаат дури три клаузули.

„Кралевите“ можат да го вратат Нико Паз веќе по крајот на сезоната и тоа за сума од 8 милиони евра. Имаат опција да го вратат и летото во 2026 за сума од 9 милиони евра, како и опција да го вратат летото во 2027 за сума од 10 милиони евра.

Во следните месеци Реал Мадрид ќе одлучи што ќе прави со Нико Паз и каде младото момче ќе настапува во сезоната 2025/26.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани