Според
информациите кои ги пренесуваат дел од италијанските медиуми, се вели дека
новиот шеф на стручниот штаб на Интер, Лучијано Спалети во неколку наврати се
обидел да го убеди Хрватот Иван Перишиќ да остане во клубот, но тој наводно не
се јавувал на повиците на тренерот.
Се поизвесно е
дека Перишиќ ќе се пресели во Манчестер Јунајтед кој веќе испрати понуда до
Интер, која беше одбиена, италијанскиот калчолигаш бара фантастични 50 милиони
евра за негово ослободување, дури 10 милиони евра повеќе од предвидената
понуда.
Од друга страна,
доколку се сумира, тимот од Милано би можел да заработи 100 милиони евра од
продажба на фудбалери летово, Брозовиќ (15), Банега (10), Јоветиќ (13),
Ранокија (10) и Биабини (6).