Интер мораше да се огласи откако сопругата на Конте бурно реагираше на социјалните мрежи

by
1 минути читање

Утрово голем број
на весници од Италија објавија дека Антонио Конте е под плициска заштита откако
добил куршум во коверт и заканувачко писмо.

Ваквите стории
предизвикаа бурна реакција од сопругата на стратегот, која на социјалните мрежи
посочи дека нема вистина во ова.

„Приказната за
куршумот е лага. Во Италија, навистина станавме лоши во комуникацијата. Ми се
чини дека луѓето кога ќе станат наутро, веднаш измислуваат нешто и го објавуваат
без притоа да помислат на последиците!“
– напиша Елисабета Мускарело на Фејсбук.

Постот беше причина
за да се огласи Интер, „нероаѕурите“ појаснија дека заканата пристигнала во
клупските канцеларии а не на домашна адреса.

„Во врска со
сториите кои беа објавени денеска, Интер сака да појасни дека Антонио Конте
лично не доби заканувачко писмо, и како последица на ова, самиот тој не појде
во полиција. Клубот го доби писмото и како што налага протоколот во вакви
ситуации, ние ги известивме службите кои се надлежни за ова“
– се вели во
известувањето. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×