По ремито со Комо минатиот викенд, Милан не победи и во денешниот натпревар од 26. коло во кое „росонерите“ доживеаја пораз од Парма со 1-0 на свој терен.
Беше подобар противник Милан, имаше многу повеќе посед на топка и над 20 удари кон противничкиот гол, но тоа не беше доволно за денеска да се освојат бодовите.
Парма како трпеливо да ја чекаше својата шанса која дојде во завршницата од мечот. Тролио на десет минути пред крајот на средбата ја погоди мрежата и донесе вистински шок кај домаќините.
Овој пораз го доближува и Интер до Скудетото кој така на 12 кола пред крајот ќе остане на предност од огромни десет бода на врвот, Парма од друга страна дојде до 32 на 12. позиција.
Gol de Mariano Troilo para poner arriba en el marcador al #Parma pic.twitter.com/Nn6IP0ePVv
— Futbo Simple (@YoanMG86) February 22, 2026