Големата ѕвезда на МЛС лигата го напушти теренот уште во 11. минута од мечот со Некакса, а денеска клубот ги соопшти деталите од медицинските прегледи.
Од Интер Мајами потврдија дека Аргентинецот има мала мускулна повреда на десната нога и неговото враќање ќе зависи од тоа како ќе реагира на терапиите. Меси почувствувал непријатност за време на натпреварот од Лига купот и веднаш побара замена, што предизвика загриженост кај фановите.
„Врз Меси беа направени медицински тестови за да се утврди повредата на мускулот на кој почувствува непријатност за време на мечот од Лига купот против Некакса. Резултатите потврдија мала мускулна повреда на десната нога. Неговото враќање ќе зависи од неговиот клинички напредок и одговорот на третманот“, напишаа од клубот.
Интер Мајами е во незгодна ситуација со згуснат распоред, па отсуството на капитенот ќе биде сериозен удар за тимот на Тата Мартино. Од клубот порачаа дека ќе бидат претпазливи и нема да ризикуваат со неговото здравје, што значи дека ќе биде надвор од терените додека не се почувствува целосно подготвен.