194
Интер Мајами е на чекор до нов голем трансфер. Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол се сели во САД и ќе го облече дресот на тимот кој на теренот го предводи Лионел Меси.
Според информациите, постои договор со Атлетико Мадрид веќе десетина дена, а во моментов се финализираат последните детали пред официјализација на зделката. Сите страни активно работат на завршните точки, но трансферот е веќе означен како завршена работа.
Родриго де Пол ќе потпише договор на четири години со Интер Мајами и ќе биде новата голема ѕвезда во проектот на клубот кој гради силен тим околу Меси.
Во Интер Мајами освен Меси се ветераните од Барселона како Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускец…