Интер Мајами на Дејвид Бекам дебитираше во МЛС, ги порази Карлос Вела со брилијантен гол (ВИДЕО)

by
0 минути читање

По речиси шест години откако го купи Интер Мајами, Дејвид Бекам синоќа ја имаше честа за прв пат да го гледа неговиот клуб во МЛС.

Интер одигра солиден натпревар против шампионот од регуларниот дел на минатата сезона, Лос Анџелес. Имаше доволно шанси и за победа, но загуби благодарение на еден фантастичен гол на Карлос Вела со лоб удар.

„Многу сум горд на нашиот клуб. Патот беше долг но ова е само почеток. Возбудлив период е пред нас“, изјави Дејвид Бекам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×