210
Лео Меси ова лето ќе добие уште еден добар пријател во Интер Мајами, тоа е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол.
Интер Мајами и Атлетико Мадрид се во напредна фаза на преговори за трансфер на Родриго де Пол.
Родриго веќе ги договорил личните услови со Интер Мајами, сега двата клуба треба да ја заклучат зделката.
Претходно Интер Мајами на Меси му ги донесе Бускетс, Алба и Суарез.