Интер Мајами ја освои титулата во МЛС и веднаш си постави нова цел! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Интер Мајами вчера за прв пат во својата историја ја освои титулата во МЛС, тимот од Флорида веднаш постави нова цел и триумф во КОНКАКАФ Лигата на шампиони.

Интер Мајами до пред две години беше еден од најлошите клубови во МЛС лигата, но работите драстично се променија кога пристигна Лео Меси.

За кратко време беше изграден шампионски тим и синоќа беше испишана историја, клубот од Флорида со 3-1 го совлада Ванкувер во финалето и стигна до својата прва титула во МЛС.

Интер Мајами не трошеше време и веднаш си постави нова цел – во 2026 сака да ја освои и КОНКАКАФ Лигата на шампиони.

„Веќе се подготвуваме за следната година. Двајца од нашите најдобри играчи се пензионираат, но на ум ги имаме нивните замени“ – вели ко-сопственикот Хорхе Мас.

„Целта на овој клуб во 2026 е да се освои КОНКАКАФ Лигата на шампиони, па очигледно сакаме да создадеме извонреден тим“.

ФОТО: X/Inter Miami CF

Можно е и ова да ти се допаѓа

×