Интер конечно ја најде формулата за трансфер на Ериксен и закажа лекарски прегледи за Данецот

by
1 минути читање

По долги
преговори, Интер и Тотнем конечно најдоа заеднички јазик за трансфер на
Кристијан Ериксен. Неколку извори од Италија доцна вечерва пренесуваат дека
„нероаѕурите“ керирале добитна формулата за преселба на Данецот на „Џузепе Меаца“
уште овој месец.

Тотнем ја
прифатил последната понуда од 15 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во
лесно остварливи бонуси.

Извештаите велат
дека Кристијан Ериксен може да биде на трибините во недела и дуелот со Каљари
во Серија А, а во понеделник да ги помине редовните лекарски прегледи и да
стане ново засилување за Антонио Конте.

Тој ќе добие
плата од 10 милиони евра по сезона, и ќе стане најплатен играч во Интер и втор
најплатен во клубот, поголеми примања од него ќе има само тренерот Антонио
Конте (11 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×