Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер летоска може да жртвува неколку ѕвезди за да ги балансира сметките по раната елиминација во Лигата на шампиони, се шпекулира со имињата на Маркус Турам, Хакан Чалханоглу, Дензел Дамфрис па и Николо Барела.
„Нероаѕурите“ неочекувано два пати изгубија од Бодо/Глимт и го завршија настапот во Лигата на шампиони веќе во баражот.
Ова ќе направи дупка од неколку десетици милиони евра во буџетот, па Интер летоска со продажби ќе ги балансира сметките.
Последните шпекулации велат дека може да биде жртвувана и некоја ѕвезда, прв на пик е Маркус Турам, кој ќе донесе голема капитална добивка со оглед на тоа дека беспари пристигна на „Меаца“.
Хакан Чалханоглу, кој е на мета на Галатасарај, како и Дензел Дамфрис, кој има достапна откупна клаузула, се следни на листата, а може да замине и Николо Барела.
Од претходно веќе е планирана „чистка“ и заминување на неколку постари играчи кои се пред крајот на договорите како Зомер, Ачерби, Дармија, Де Фрај и Мхитарјан, кои речиси сигурно нема да добијат нова соработка.