Интер ќе го примамува Симеоне со 50 милиони евра

by
1 минути читање

По серијата слаби
резултати, иднината на Стефано Пиоли е ставена под знак прашалник и се говори
дека „Нероаѕурите“ се подготвени да го одврзат ќесето за да стигнат до големо
тренерско име.

Денешното издание
на Газета дело Спорт пренесува дека сопствениците на Интер, групацијата Сунинг
е подготвена на Диего Симеоне да му плати 50 милиони евра за пет годишен
договор (плата од 10 милиони евра по сезона).

Аргентинецот, кој
две години го носеше дресот на „Нероаѕурите“, е привлечен од идеата да седне на
жешкото столче на Џузепе Меаца.

Нно проблем е тоа
што стратегот им има ветено на лидерите на Атлетико Мадрид дека ќе остане и
следната сезона, и ќе ги предводи „Колчонероси“ на новиот стадион.

Газета дело Спорт
додава дека Антонио Конте е алтернативата доколку Диего Симене каже НЕ, и Интер
е подготвен и на Италијанецот да му ги понуди истите услови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани