Синот на
сопственикот на Интер пред неколку дена експлодираше на социјалните мрежи и го
нарече првиот човек на Серија А кловн. Стивен Жанг е незадоволен што наместо да
се игра пред празни трибини, се одложуваат натпреварите со цел публиката да
биде присутна, или стадионите делумно да бидат затворени.
Но со оглед на
тоа дека коронавирусот зема се поголем замав, Владата на Италија вечерва донесе
одлука сите спортски настани да се играат без публика до 3. април.
Стивен Жанг ја
поздрави ваквата одлука и вети дека ќе донира 100.000 евра во борбата против
коронавирусот, парите ќе биде наменти за истражувањето кое се прави во болницата
Сако во Милано.
„Да се затворат
вратите но да се продолжи со мечевите е правата одлука. Од морална гледна
точка, како претседател на фудбалски клуб и како менаџер на организација која
организира настани, не можам да прифатам предлог со кој ќе го загрозиме
здравјето на јавноста. Не е важно за каков натпревар станува збор, не е важно
дали се 24 или 48 часа, знаевме дека заразата нема да исчезне. Исправно беше да
го одбиеме предлогот да играме против Јувентус на делумно затворен стадион. Морав
да го сторам она што морално беше коректно, иако тешко беше да се каже НЕ. Луѓето
сега гледаат дека нашиот избор беше коректен. Како фудбалски клуб, имаме
одговорност да испратиме права порака. Безбедноста е наш најголем приоритет.
Знам дека затварање на вратите е тешка одлука поради многу причини, но на
крајот од денот, со цел да продолжиме со календарот и со нормални активности,
мораше да се повлече ваков потег. Не ме
загрижува тоа што празните трибини можат да влијаат врз перформансите на тимот.
Повеќе ме загрижува тоа што го загрозуваме здравјето на јавноста доколку има
публика на стадионот“ – вели Стивен Жанг.