Интер ја одреди цената за Брозовиќ, пристигнаа две понуди за Муриљо

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се чини дека Хрватот, Марсело Брозовиќ и Колумбиецот, Џејсон Муриљо и дефинитивно се на излезна врата
од италијанскиот калчолигаш Интер.

Информациите кои
пристигаат велат дека Интер веќе ја одредил цената по која би можел да размисли
за евентуална продажба на Брозовиќ, истата изнесува 20 милиони евра, за
издвојување е тоа што откупната клаузула во договорот на Хрватот со тимот од
Милано изнесува 50 милиони евра.

Покрај Брозовиќ,
интересен на европскиот трансфер пазар е истовремено и Муриљо, за кого постои
интерес од Шпанија и Франција, поточно Севилја и Лил имаат веќе конкретни
чекори во своите намери.

За Муриљо Интер
наводно бара 20 милиони евра, што заедно со евентуалниот трансфер на Брозовиќ
би зараболил околу 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани