Интер ја одбил понудата на Барса за Лаутаро Мартинез, не ги сака Видал и Семедо, бара 111 милиони евра

by
0 минути читање

Со месеци се
пишува дека Лаутаро Мартинез е желба на Барселона, Аргентинецот треба да биде
долгорочна замена за Луис Суарез.

Според пишувањата
на Газета дело Спорт, „каталонците“ на Интер му понудиле 70 милиони евра плус
услугите на Артуро Видал и Нелсон Семедо.

„Нероаѕурите“
сепак го одбиле ваквиот предлог и ја информирале Барселона дека за разделба со
Лаутаро Мартинез ќе треба да биде платена откупната клаузула вредна 111 милиони евра.

ГДС додава дека
Барселона има подготвено богат договор за напаѓачот и плата од 10 милиони евра
по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×