Интер има посебен договор со Икарди, Тутоспорт ги откри деталите

by
1 минути читање

Според
информациите кои во јавноста ги изнесе Тутоспорт, се вели дека Интер има
посебен договор со Икарди, како и неговите претставници, а истиот се однесува
на иднината на аргентинскиот напаѓач, која се поизвесно е дека не е во Милано.

Икарди се врати
на тренинзите на Нероаѕурите, а по подолг период запиша и настап за клубот по
турбулентниот период со него откако му беше одземена капитентската лента.

Италијанскиот
весснико пренесува дека Аргентинецот се согласил да се врати на клупските
обврски, за да му помогне на тимот да се оствари зацртаната цел сезонава –
место во Лигата на шампионите за следната сезона, но, за возврат тој добил
ветување дека по крајот на сезоната ќе биде продаден.

Цели два месеца
траеше „сапуницата“ околу напаѓачот кој погоди од пенал во последната победа
над Џенова, но, интересна беше реакцијата на навивачите на Интер кои добија
наредба од предводниците на трибините да не се прослави неговиот гол.

Во Италија на
големо се пишува дека Един Џеко е идеалното решение на Интер по заминувањето на
Икарди на лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×