Интер, заедно со
„Сунинг“, одлучија да донираат 300,000 маски за медицинска употреба како и
други медицински продукти за националниот оддел за цивилна заштита.
Претседателот на
Интер, Стивен Жанг продолжуваат да ја нудат целосната поддршка во битката за
справување со коронавирусот која ја тресе Италија, земја која е најзасегната по
Кина во битката со коронавирусот.
„Сунинг“
истовремено ќе биде достапен и на глобално ниво, со тоа што ќе се користат
нивните канали за поддршка онаму каде што е потребна, како и асистенција за
организацијата во овие кризни периоди.
„Се надеваме дека
успешното искуство на Кина во битката со Коронавирусот ќе може да помогне во
спречување на брзото ширење на вирусот во Италија“ вели Жанг во изјавата за
официјалниот клупски сајт на Интер.
„Ќе продолжиме да
соработуваме и помагаме на Италија во битката против коронавирусот, но
истовремено ќе помагаме и во останатите делови во светот во овие навистина
тешки мигови, без разлика на тоа кој тим го поддржувате, без разлика на тоа од
каде доаѓате, денеска, сите се бориме против оваа појава како еден тим“ заклучи
тој во својата изјава.