Интер и Милан во битка за потписот на Фабрегас

by
1 минути читање

Дејли Експрес
пишува дека Интер и Милан ќе водат сериозна битка за потписот на фудбалерот
од средниот ред на Челси, Цеск Фабрегас.

Искусниот 31
годишен фудбалер влезе во последната година од неговиот договор со тимот од
Стемфорд Бриџ кој истекува идното лето, нема најави за продолжување на
соработката, а обата клуба од Милано можат да го добијат како слободен играч на
трансфер пазарот.

Интер се обиде да
го ангажира Шпанецот изминатиот летен преоден рок откако пропаднаа обидите да
се засили со Лука Модриќ, сепак, вреди да се издвојат и шпекулациите од
Островот кои велат дека Челси не сакал да се откаже од неговите услуги, ниту
пак самиот Фабрегас сакал да си замине од Лондон.

Фабрегас се уште
нема настап во новата сезона од Премиерлигата, а причината за тоа е
рехабилитација од повреда, лани имаше 49 настапи под кормилото на Конте, но,
оваа сезона го чека голема битка за место во тимот на Сари особено по
доведувањето на Жоржињо и Ковачиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×