Интер и Манчестер јунајтед се договорија, Санчез оди во Милано

by
0 минути читање

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио тврди дека Манчестер јунајтед и Интер си подале рака за Алексис Санчез и трансферот наскоро ќе биде комплетиран.

Остануваат уште некои детали утре изутрина да се средат, но Интер веќе ги организира медицинските тествои за Чиленацот кој ќе ги помине заедно со Бираги, тој доаѓа од Фиорентина.

Ди Марцио овој пат пишува дека се работи за чиста позајмица на Санчез, без опција за комплетно откупување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×