Интер го процени Лаутаро на 90 милиони евра, плус Видал, но и Гризман на позајмица

by
1 минути читање

Шпанскиот весник
„АС“ пишува дека од Интер испратиле многу јасна порака до Барселона во
преговорите за Лаутаро Мартинез, така весникот пишува дека „Нероаѕурите“ бараат
90 милиони евра за аргентинскиот напаѓач плус Артуро Видал, но и Антоан Гризман
на позајмица.

Познато е дека 22
годишниот Лаутаро има откупна клаузула во висина од 111 милиони евра
претстојново лето, истата може да биде активирана со целосниот износ, односно
во целосна исплата, па токму ова се наведува како главен проблем за
Каталонците.

Политиката на
Каталонците се коси со претходно наведените услови, тие постојано кројат
планови како да вметнат одредени фудбалери во пакет-понудата до Интер, за
цената на Лаутаро да биде намалена.

„Газета дело
Спорт“ утрово извести дека Интер нема ниту да размислува за било каква понуда
за услугите на Лаутаро која е под 90 милиони евра во кеш, а многу логично дека
последното барање на Интер во преговорите се неприфатливи за клубот од „Камп
Ноу“ кој очајно е во потрага по наследник на Луис Суарез во нападот.

Се верува дека
Барселона своето внимание по сево ова ќе го насочи кон одличниот напаѓач на
Лајпциг, Тимо Вернер, кој на трансфер пазарот е достапен за клубовите за „само“
60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×