Италијанецот често се поврзува со Интер и покрај тоа што во првата сезона на кормилото на Челси успеа да стигне до титулата од Премиерлигата.
„Сините“ не сакаат да се разделат со стратегот но според Тутоспорт, Интер не се откажува.
Весникот пишува дека сопствениците на Интер од Кина, групацијата Сунинг го примамува Антонио Конте со 275 милиони евра.
На Италијанецот ќе му биде понуден 5 годишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона.
Антонио Конте ќе добие и трансфер буџет од 200 милиони евра за засилување во сезоната 2017/18.
Тутоспорт додава дека Антонио Конте пред да донесе одлука ќе има состанок со Роман Абрамович и ќе слушне што има да каже милијардерот од Русија.
Медиумите од Англија претходно објавија дека сопственикот на Челси спрема трансфер буџет од 200 милиони фунти, како и плата од над 7,5 милиони фунти.