Интер го прегази Кремонезе и се израмни со Рома (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Интер ја оправда фаворитската улога и без поголеми го совлада Кремонезе со убедливи 4-0 во шестото коло од Серија А.

„Нераѕурите“ уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо, Лаутаро Мартинез веќе во шестата минута донесе предност по асистенција од Бони, а кратко потоа беше поништен погодок на Аканџи. До паузата Бони се запиша во листатата на стрелци и зголеми на 2-0 во 38. минута.

Во второто полувреме тимот на Киву продолжи во ист ритам, а во само две минути го реши мечот, Димарко во 55. и Барела во 57. минута донесоа убедливи 4-0.

Кремонезе во финишот успеа само да постигне почесен гол преку Бонацоли за конечни 4-1. Интер со овие три бода дојде до 12 колку што има и Рома на третата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×