Интер го победи Лацио и закажа градско дерби во полуфиналето од Купот на Италија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Интер вечерва против Лацио славеа победа од 2:0 во рамките од четвртфиналето во Купот на Италија.

Лацио вечерва имаше свои шанси и напаѓаше, но кога изостана реализацијата Интер знаеше да казни и да искористи две прилики со кој стигна до триумф.

Првиот гол беше мала мајсторија на Арнаутовиќ кој успеа да погоди со фантастичен волеј по едно исфрлување на дефанзивците на Лацио. Тоа беше и единствениот гол во првиот дел.

Точка на натпреварот стави Чалханоглу со голот од пенал во 77. минута.

Во полуфиналето Интер го чека дерби против градскиот ривал Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани