Интер го победи Комо во меч со дури седум гола!

by riste
1 минути читање

Комо прокоцка предност од 2-0, Интер си замина дома со победа од 4-3, а на овој триумф се израдува и Јувентус кој остана на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.

Тимот на Фабрегас одлично го отвори мечот, поведе со 2-0 со голови на Вале и Паз, но во судиското продолжение од првиот дел, Турам намали на 2-1.

По четири минути игра во вториот дел Турам постигна уште еден гол и израмни на 2-2.

Следуваа два гола на Думфрис со кои Интер не само што поведе, туку имаше и добра предност, дојде до 4-2.

До крајот на мечот Комо успеа само да намали на 3-4 со гол на Да Куња од пенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×