Интер го победи Баерн среде Минхен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Интер со голем резултат се враќа од Германија откако на Алијанц арената со 2-1 славеше против Баерн Минхен.

Првиот шок се случи во 38. минута кога Лаутаро Мартинез постигна прекрасен гол за водство на Интер од 1-0.

Момците на Инзаги одлично се бранеа, а Баерн се обидуваше да ги пробие и да создава шанси.

Баварците до гол стигнаа во 85. минута кога Милер по асистенција на Лајмер ја смести топката во небранетата мрежа.

Осоколен по дадениот гол Баерн минхен се залета кон победа, но доби нов шок.

Во 88. минута по еден контра напад Фратези постигна гол за победа на Интер од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани