Интер го израдува Киву: Договори засилување од Манчестер сити

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Интер според информациите на Фабрицио Романо, договори засилување од Манчестер сити, од каде што пристигнува дефнзивецот Мануел Аканџи.

Според договорот, Интер ќе плати 2 милиони евра за позјмицата, а дел од платата на фудбалерот ќе биде покриен од италијанскиот клуб. Дополнително, во договорот е предвидена клаузула за откуп од 15 милиони евра, која може да стане задолжителна под одредени услови.

Клаузулата автоматски ќе се активира ако Аканџи настапи на најмалку 50% од натпреварите на Интер оваа сезона и клубот ја освои Серија А..

Можно е и ова да ти се допаѓа

×