Интер го договори трансферот на младиот стопер Леон Јакировиќ, кој ќе пристигне од редовите на Динамо Загреб, потврдуваат италијанските медиуми.
Нераѕурите постигнале целосен договор со хрватскиот шампион, а зделката е вредна 2.5 милиони евра фиксна сума, дополнета со уште 2 милиони евра преку бонуси, како и процент од наредна продажба на фудбалерот.
Јакировиќ веќе оваа недела се очекува да отпатува во Милано, каде ќе ги мине лекарските прегледи и официјално ќе стане нов член на Интер.
Во трката за неговиот потпис Интер ја победи конкуренцијата од РБ Салцбург. Клучна улога во договорот имале добрите односи на клубот со агентите на Јакировиќ, истите кои го застапуваат и Сучиќ, што дополнително ја олеснило реализацијата на трансферот.