Фудбалерите на Интер забележаа многу важна победа во трката за одбрана на скудетото, триумфирајќи на гостувањето во Бергамо кај Аталанта со 0-2 во 29. коло на Серија А.
Се играше израмнет прв дел, нешто поконкретен беше Интер ама не успеа да стигне до предност. Маркус Турам ја имаше најголемата шанса кога погоди статива на стартот, а на спротивната страна најблизу до гол беше Марио Пашалиќ, а неговиот удар го одбрани Зомер.
На стартот на вториот дел гостите стигнаа до предност со голот на Карлос Аугусто кој со глава погоди за 0-1 во 54. минута. До крајот Лаутаро Мартинез се истакна бидејќи имаше еден поништен и еден гол кој се важеше за конечните 0-2. Вреди да се напомене и дека во последните десетина минути Аталанта играше со десетмина по вториот жолт картон на Едерсон. Длабоко во судиското продолжение поцрвене и Алесандро Бастони.
Освен што освоија три бода, го задржаа и директниот конкурент за титулата без нови бодови. Интер со 64 бода е водечки во калчото, Наполи има 61, додека Аталанта има 58.