„Газета дело
Спорт“ известува дека Интер ќе ја отфрли можноста да го ангажира фудбалерот на
Барселона, Артуро Видал на позајмица, а „Нероаѕурите“ го посакуваат Чилеанецот
целосно под нивен договор.
Истовремено,
горенаведениот медиум додава дека Интер на Барселона ќе и понуди околу 12 милиони
евра како обештетување за трансферот на Видал, кој се чини дека е на излезна
врата од „Камп Ноу“.
Нема дилеми во
тоа дека пораснаа апетитите кај Интер за враќање на старите патеки, особено по
доаѓањето на Антонио Конте, па така „Нероаѕурите“ се поврзуваат и со Маркос
Алонсо од Челси, односно Дејан Кулушевски од Парма, каде настапува како
позајмен од Аталанта.
32 годишниот
Видал има важечки договор со Каталонците до 2021. година, меѓутоа тој не успеа
да се наметне во составот предводен од Ернесто Валверде, од поодамна се
шпекулира дека негова следна дестинација ќе биде токму Интер.