Интер е решителен во намерата да купува во Минхен

by
1 минути читање

Калчолигашот
Интер тргнува во офанзива за ангажман на фудбалерот на Баерн Минхен, Артуро
Видал, последните информации кои пристигнуваат од Италија велат дека Интер веќе
подготвил над 50 милиони евра за
30 годишниот Чилеанец.

Наводно Интер е
подготвен да издвои 45 милиони евра како обештетување за фудбалерот, на кого ќе
му понуди четиригодишен договор вреден 7 милиони евра.

Веста дека Интер
е заинтересиран за Артуро Видал, пред извесен период најпрво се појави во
неговата земја Чиле
, инаку
Видал има важечки договор со шампионот на Германија, кој истекува во 2019.
година.

Медиумите во
Италија истовремено пренесоа дека Чилеанецот за да не ги повреди чувствата на
фановите на Јувентус се решил наводно да се дистанцира од интересот на Интер,
но останува отворено прашањето колку е сево ова веродостојно.

Како прв избор на
„нероаѕурите“ во потрагата по врвен играч за врска се споменуваше Раџа
Наинголан од Рома, но поради потешкотиите да стигнат до потписот на Белгиецот,
тие се чини дека во моментов имаат друга алтернатива.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани