Обично клубовите
со втори тимови настапуваат во домашните првенства пред натпреварите од Лигата
на шампионите, со цел најдобрите играчи максимално спремни да влезат во дуелите
од најелитното европско натпреварување.
Но контроверзниот
сопственик на Наполи, Аурелио Де Лаурентис сега бара од својот тренер да ги
одмори најдобрите против Манчестер Сити и да чува сили за дуелот со Интер во
Серија А.
„Мислам дека
добар дел од нашите играчи треба да одморат против Сити” – вели првиот човек на
„Наполитанците“. „Дуелот со Интер е за неколку дена и тој е прилично важен”.
Де Лаурентис смета дека Наполи и онака нема шанси на гостувањето кај Етихад, па
свесно се откажува од битката за подобар пласман и целта му е второ место во
групата.
„Речиси е
невозможно да победиме во Манчестер, но ќе ги чекаме за реваншот во Неапол…”
„Исто така, целта
ни е само да се пласираме во нок-аут фазата а не да побидиме на сите натпревари”.
За разлика од
Лигата на шампионите каде загуби од Шахтар на гости, Наполи во Серија А е
перфектен и има осум победи на исто толку натпревари.